МВР билтен

Кривична за прилепчанец за затајување данок

Прилепчанец како управител нанел штета во висина од 261.972 денари на буџетот на РСМ.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.К. (53) од Прилеп и правeн субјект од  Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела  „даночно затајување“, „фалсификување или уништување на деловни книги“.

Во периодот од 01.05.2018 до 31.12.2018, првопријавениот, во својство на управител и еден од сопствениците - овластено лице во правниот субјект  со намера да ја избегне обврската за плаќање на данок – односно делумно плаќање на ,,данок на додадена вредност“ кон УЈП, не го евидентирал целокупниот промет на добра кој го остварувал преку дејноста на правниот субјект - ,,трговија со градежни материјали на мало“, односно во наведениот период извршил промет на добра кон друг правен субјект и кон лицето П.О. од Прилеп, во висина од 1.716.503 денари, кој не го евидентирал во сметководствените евиденции, како и во даночните пријави за целите на ДДВ, кои согласно законската обврска ги поднесувал до УЈП во 2018 година.

На ваков начин првопријавениот, во текот на 2018 година до УЈП поднесувал невистинити податоци – даночни пријави со лажни податоци за целите на ДДВ и ја избегнал обврската за плаќање на данок за додадена вредност во висина од 261.972 денари, на штета на буџетот на РСМ.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе