Kривична за неколкумина тетовци и гостиварци, не го почитувале полицискиот час

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ж.М.(43) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија". На 24.03.2020 во 21.15 часот, на наплатна рампа Желино на автопатот Тетово – Скопје, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(24) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија". На 25.03.2020 околу 22.20 часот на кружниот тек на ул.„В.С.Бато" и ул.„Браќа Миладинови" во Тетово, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(32) и Б.А.(35), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија". На 25.03.2020 околу 23.20 часот, на регионалниот пат с.Брвеница – Тетово, во близина на Државниот универзитет –Тетово, пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против У.Р.(30) од с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија". На 25.03.2020 околу 21.30 часот, пред бензинската пумпа на регионалниот пат Јажинце – Тетово, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Ј.(33) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија". На 25.03.2020 околу 22.50 часот, на раскрсницата на ул.„В.С.Бато" со ул.„ Браќа Миладинови" во Тетово, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.

Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.Б.(36) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија". На 25.03.2020 во 21.10 часот на ул.„Балиндолска" во Гостивар, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.

Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Г.(32) од с.Кондово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија". На 25.03.2020 во 21.10 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.

Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.А.(32) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија". На 25.03.2020 во 21.40 часот на ул.,,Илинденска" во Гостивар, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.

Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против П.И.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија". На 25.03.2020 во 21.10 часот, на патот Гостивар – Кичево, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.М.(43) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија". На 25.03.2020 околу 11.50 часот, во угостителски објект на ул.„Благоја Тоска", полициски службеници при извршена контрола констатирале дека објектот не бил затворен и биле затекнати повеќе лица, со што пријавениот постапил спротивно на одлуката на Владата на Р.С.Македонија.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе