МВР билтен

Кривична за кумановец за незаконска експлоатација на суровини

41-годишниот А.Р. сопственик на фирмата „БОРОС"  од Куманово со „незаконита експлоатација на минерални суровини го оштетиле државниот Буџет за 2,220.471 денари, а воедно се стекнале со противправна имотна корист од 58.386.538 денари. 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Р.(41) од Куманово и против правното лице ДПТТУ „БОРОС“ ДООЕЛ од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“.

Првопријавениот, сопственик и одговорно лице во второпријавеното правно лице и второпријавеното правно лице од 2010 до 30.04.2013, искористувајќи го Договорот за концесија за детални геолошки истражувања на минерални суровини-кварц на локалитет „Пчиња“ - с.Коинце, општина Старо Нагоричане, склучен со Владата на РС Македонија, кој се однесувал само на геолошки истражувања, вршеле незаконита експлоатација и продажба на минерални суровини-кварц на локалитетите „Пчиња“-  с.Коинце и „Ветуница“- општина Ранковце, без добиени концесии и дозвола за истото.

Притоа, во 21 наврати на правно лице од Тетово извршиле продажба на 43941,24 тони минерална суровина кварц и собирен кварц во вкупен износ од 56.561.536 денари остварена противправна имотна корист за што и доставиле 21 фактура.

За извршената продажба и експлоатација требало за секој изминат квартал на Министерството за економија да платат 3% од секој ископан и продаден тон на кварц и собирен кварц, со што избегнале плаќање  вкупно 395.471 денари и избегнале плаќање на давачки и за концесии  во износ од 820.000 денари.

Со наведеното избегнале давачки во вкупен износ од 2,220.471 денари за кој износ го оштетиле  Буџетот на РСМ, а воедно се стекнале со противправна имотна корист од 58.386.538 денари. 

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе