МВР билтен

Кривична за гостиварец поради производство и продажба на дроги

Гостиварец ќе се соочи со кривична за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори".

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ј.В.(44) од село Беловиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 27.12.2019, на крстосницата од улица „Загорје“ со регионален пат Кичево - Осломеј, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „БМВ“, управувано од пријавениот, при што во возилото и кај него биле пронајдени и одземени хероин и марихуана.

Исто така, како совозач во возилото се превезувал М.Н.(31) од село Здуње, за кого била распишана централна потерница и тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гостивар.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе