Кривична за ексдиректор од Виница за нанесена штета од 35 милиони денари

Кривична пријава против И.С.(47) од Виница, поднесе Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување" и „несовесно работење во службата".

Во периодот од 01.01.2014 до 22.11.2017, И.С. злоупотребувајќи ја функцијата директор на јавно комунално претпријатие од Виница, без претходно од негова страна и од страна на управниот одбор да бидат донесени одлуки, правилници, финансиски планови или други интерни акти за начинот на користење на средствата од буџетот на јавното претпријатие, свесно, по основ на ставка за репрезентации, од буџетот на јавното комунално претпријатие потрошил средства во износ од 2.249.950 денари, нанесувајќи му штета на претпријатието.

Исто така, дозволил да застарат ненаплатени побарувања во износ од 32.752.532,32 денари, или нанесената штета на јавното претпријатие од Виница е во вкупен износ од 35.002.482,32 денари.

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе