МВР билтен

Кривична за двајца скопјани кои нападнале маж и му го украле возилото

Уапсени се двајца млади скопјани кои нападнале 60-годишен скопјанец и му го одзеле возилото. 

СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против М.Б.(29) и В.Ѓ.(28), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“, казниво по член 258 од Кривичниот законик. Пријавените, на 14.01.2020 физички го нападнале З.С.(60) од Скопје, во неговиот дом, и му го одзеле неговото патничко возило „форд ескорт“.

По преземени мерки лицата биле пронајдени и лишени од слобода, а врз основа на судска наредба бил извршен и претрес во домот на М.Б..

Исто така, било пронајдено и возилото. Во присуство на јавен обвинител било извршено и препознавање на пријавените.

 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе