Кривична за двајца кичевци за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија", ОВР Кичево поднесе кривична пријава против A.M.23 годишен и Љ.М.25 годишен, двајцата од Кичево. 

Тие, на 29 март во 17:00 часот, во време кога на сила е мерката за ограничено движење, биле затекнати на булеварот „Ослободување" во Кичево, по што биле приведени во полициска станица.

Пријавените не се придржувале до мерката за забрана за движење на граѓаните во временскиот период од 16:00 до 05:00 часот заради спречување на ширење на коронавирус, предвидена во Одлуката на Владата. 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе