Кривична против Љупчо Палевски и уште три лица за пуштањето „бомби“

Против бизнисменот Љупчо Палевски и уште три други лица е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено прислушување и тонско снимање".

Според ОЈО, против лицата Љ. П. (55) од Тетово, Г. Н. (49) од Прилеп, Т. М. (44) од Битола и Г. Т. (51) од Прилеп постои основано сомнение дека сториле кривично  дело „Неовластено прислушување и тонско  снимање“, бидејќи на 4 април годинава на јавен собир во Прилеп организиран од движењето „Бојкотирам“ пуштиле тонска снимка од разговор помеѓу две лица за која постои основа на сомнение дека е неовластено тонски снимана.

„Прво пријавениот одржал говор каде во еден момент побарал од второ пријавениот Г.Н. да пушти на лап-топ компјутер, кој пак бил приклучен на озвучување тонска снимка од разговор помеѓу две лица. Втората аудио снимка, од страна на прво пријавениот е пуштена последователно на ист начин. Предметните тонски снимки се пуштени за преслушување  за присутните учесници на собирот, како и за лицата кои по пат на интернет на социјалната мрежа “Фејбук“, во живо  го следеле настанот кој бил пренесуван од второ, трето и четврто пријавените преку нивните мобилни телефони во реално време“, се наведува во соопштението од ОЈО.

Следниот ден лицата Љ. П., Г. Н. и Т. М. се задржани во Полициска станица Прилеп и извршен е претрес на нивните домови, а за прво пријавениот е извршен претрес на неговото возило „цитроен ц4 кактус“.

Одземените предмети, како што се наведува во соопштението, меѓу кои мобилни телефони, мемориски картички, УСБ стикови и друга електронска и  компјутерска опрема се доставени за вештачење во МВР, а од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика е доставен прилог ДВД со документирани профили на социјалната мрежа „Фејсбук“. 

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе