Кривична против 37-годишен скопјанец за злоупотреба на службена положба

Кривична пријава против С.Б. (37), поранешен референт во Одделот за граѓански работи во Скопје, поднесе Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното јавно обвинителство поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела: „злоупотреба на службена положба и овластување" по чл. 353 став 1 и „фалсификување службена исправа" по член 361 став 1, а во врска со член 44 и 45 од КЗ.

Пријавениот С.Б. во својство на овластено службено лице-референт во шест наврати ја злоупотребил службената положба и овластување и внесувал невистинити податоци во четири сообраќајни дозволи дека возилата имаат вградени клима фолии без претходно прибавена потврда за сообразност- А тест, а во две сообраќајни дозволи внел податоци дека имаат вграден ТНГ-плински уред без претходно прибавена потврда за сообразност. С.Б. веќе не работи во МВР.

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе