Кривична пријава за злоупотреба на тендер

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Т.Д. (54) од село Драслајца, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.

„Во текот на 2016 и 2017 година пријавениот, како управител на правното лице ‘Д-Алек 09‘ од село Драслајца, при аплицирање во постапка за јавна набавка за превоз на ученици во три основни училишта на подрачје на Струга, изготвил и поднел лажно уверение за платени даноци и придонеси за 2016 и 2017 година. По ова, истиот, како најповолен понудувач склучил договор за превоз на ученици со наведените училишта, со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 1.802.714 денари“, информира МВР.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе