Кривична пријава за закани кон градоначалник

СВР Битола, Одделение за внатрешни работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Т. (27) од Прилеп, осомничен дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста", по член 144, став 4 од Кривичниот законик.

На 20.09.2021 во ОВР Прилеп Б.Ј. (51) од Прилеп пријавил дека на 19.09.2021, во периодот од 19.00 до 21 часот и на 20.09.2021, на социјалната мрежа Фејсбук едно лице од свој профил преку три објави упатило закани кон пријавителот, како актуелен кандидат за градоначалник и неговото семејство, се појаснува во денешното соопштение од МВР.

Се посочува дека веднаш се преземени мерки и случајот е расчистен, односно поднесена е кривична пријава против Р.Т. до надлежното обвинителство во Прилеп.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе