Кривична пријава за судски вештаци од Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ж.Л. (58) и Г.А. (39), двајцата од Скопје и против А.Ш. (58) од сeло Горна Бањица, поради постоење сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување".

Во текот на 2017, соопшти денеска МВР, првопријавениот и второпријавената, вработени во Министерство за правда – Биро за судски вештачења Скопје, во својство на вешти лица и третопријавениот, во својство на надворешен соработник во Бирото за судски вештачења Скопје, при постапување по наредба за супервештачење на градба во село Лескоец, охридско, издадена од Основниот суд Охрид, неосновано донеле заклучок дека не можат да се констатираат пенали за непочитување на договорот за градба од фирмата изведувач, иако градежниот дневник на фирмата не бил воден исправно и секојдневно, при што се повикувале на надзорниот орган од Струга. Како резултат на наведените дејствија, инвеститорот го изгубил правото за надомест на штета, со што бил оштетен за износ од 448.500 денари.

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе