Кривична пријава за скопјанец поради кражба од автомобил

„СВР Скопје – Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар – Бит Пазар поднесе кривична пријава против Н.Д.(47) од Скопје, поради основи на сомнение дека извршил две кривични дела, и тоа „тешка кражба“ и „тешка кражба во обид“, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 100.000 денари“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од Министерството наведоа дека на 1 април 2019 во периодот од 18:00 до 21:45 часот на на паркинг простор на ул.„Аминта Трети“, во патничко моторно возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, со употреба на тврд предмет го скршил стаклото и одзел повеќе предмети. Исто така, на 7 октомври 2019 во периодот од 13:00 до 14:00 часот на паркинг простор на бул.„ВМРО“ на идентичен начин оштетил патничко моторно возило „хјундаи“, при што не одземал ништо. 

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе