До ОЈО Дебар

Кривична пријава за предизвикан шумски пожар

СВР Охрид-ОВР Дебар вчера до Основното јавно обвинителство Дебар, поднесе една кривична пријава во врска со пожар настанат на 8 август во село Бомово, дебарско, против Б.М.(60) од Дебар, за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар", по член 227 од Кривичниот законик.

Во текот на вчерашниот ден, во врска со пожар за кој вчера било пријавено дека настанал во село Горно Мелничани, дебарско, од страна на полициски службеници биле лишени од слобода осум лица (шест од Куманово и две од Република Албанија) и во консултација со Јавен обвинител од ОЈО Дебар тие се задржани во полициска станица, а службен разговор е извршен со уште едно лице од село Броштица.

По документирање и на овој случај ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе