Продадена парцела со каптажа на извор за вода

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Македонски Брод, Војневски

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривични пријави против три лица, вклучувајќи го и поранешниот градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војневски, за злоупотреба на службена положба и овластување, информира МВР.

Милосим Војневски

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против М. В. (60) од Македонски Брод за сторено кривично дело ‘помагање‘ во врска со ‘злоупотреба на службена положба и овластување‘, против Н. А. (57) од Скопје за сторено кривично дело ‘поттикнување‘ во врска со ‘злоупотреба на службена положба и овластување‘,  и против Д. К. (35) од Македонски Брод, Љ. М. (51) од Скопје, З. Н. (58), С. Ѓ. (60) и Ј. В. (57), сите од Македонски Брод за сторено кривично дело ‘злоупотреба на службена положба и овластување‘.  Во периодот од мај 2016 до јули 2017 година, првопријавениот, како градоначалник на општина Македонски Брод, формирал комисија за изготвувањето на локално урбанистичка планска документација за градежна парцела во атар на село Белица, по што петто, шесто и седмопријавениот, како членови на наведената комисија, во договор со првопријавениот, не прикажале инфраструктурен објект од јавен интерес - каптажа на извор за вода, кој се наоѓал на наведената парцела. Исто така, третопријавениот, како геометар и четвртопријавениот, како управител на друштво за геодетски работи ‘Гео-Модерн‘ ДОО Скопје, изготвиле геодетски елаборати за парцели на подрачје на село Белица, во кои не го прикажале наведениот инфраструктурен објект. По ова, петто, шесто и седмопријавениот, по извршен увид на терен на наведената локација, ја потврдиле состојбата наведена во елаборатот изготвен од трето и четвртопријавениот. Потоа, била спроведена постапка за носење на локално урбанистичка планска документација и отуѓувањето на наведената парцела сопственост на Република Северна Македонија, и истата станала сопственост на второпријавениот, со што истиот се стекнал со противправна имотна корист - објект каптажа на извор за вода“, пишува во соопштението од МВР.

 

 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе