Кривична пријава за поранешниот директор на Заводот за здравствена заштита во Охрид

А.М. (57) од Охрид денеска од охридската полиција доби кривична пријава поради постоење сомневање за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Тој како директор на ЈЗУ Завод за здравствена заштита во Охрид во 2015 без да го испита пазарот на цени на моторни возила и без да ангажира стручни лица – проценители набавил две возила по поцисока цена. А.М. иако знаел дека ист понудувач за исти возила дал две понуди од кои втората со понудена повисока цена од 405.919 денари, несовесно постапил и ја дозволил набавката по повисоката цена. Во врска со наведеното, пријавениот го игнорирал укажувањето на Бирото за јавни набавки и не дозволил да се испита реалноста на понудените цени од стручните лица, со што предизвикал материјална штета на јавната здравствена установа во вкупен износ од 1.505.165 денари.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе