МВР

Kривична пријава за поранешниот директор на Агенција за вработување

Одделот за сузбивање на организиран криминал поднесе кривична пријава против Владо Поповски (39) од Скопје поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување".

Поповски, како вршител на должност - директор на Агенцијата за вработување на Република Македонија, во 2016 година без спроведена законска постапка на правно лице од Скопје му доделил работни задачи (санација на објект). На тој начин овозможил правното лице противправно да се стекне со имотна корист од 416.304 денари и за таа сума го оштетил буџетот на Република Македонија.

Пријавениот во периодот од 28.10.2015 до 30.10.2016 година, спротивно на Правилникот за користење на службени моторни возила сопственост на Агенцијата за вработување и без одобрување од Управниот одбор, на 28.10.2015 година склучил Договор за меѓусебна техничка соработка со Министерството за труд и социјална политика при имплементација на активни програми и мерки за вработување. По основ на тој договор, на Министерството за труд и социјална политика му отстапил на користење четири возила сопственост на Агенцијата за вработување. За отстапените возила, В.П. дал на користење и картички за гориво со одреден лимит за две бензински пумпи. За да овозможи користење на картичките за гориво бензинските пумпи, пријавениот издал и дупли идентификациски картички на име на лицата вработени како возачи во Агенцијата за вработување, a без нивно знаење. Со користење на картички за гориво, во периодот од 28.10.2015 до 30.10.2016 година, било полнето гориво во вкупен износ од 427.817 денари на штета на буџетот на Република Македонија

Со ваквите дејства, Поповски го оштетил буџетот на Република Мкедонија за вкупен износ од 844.121 денари или 13.725 евра, соопштил МВР.  

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе