Кривична пријава за поранешен градоначалник на Македонски Брод

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против М.В.(60) од Македонски Брод поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

На 3 март 2017 година пријавениот како градоначалник на општина Македонски Брод, по претходно склучен договор за јавна набавка на услуги помеѓу општината и фирма од Охрид, исплатил фактура од 277.300 денари на наведеното правно лице, и покрај тоа што истото не ги исполнило обврските од договорот, така што била нанесена штета на буџетот на општината.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе