Кривична пријава за полицаец од „Табановце“, не регистрирал малолетник и го пуштил без ПЦР тест

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО за ГОКК-Одделение за истражување и гонење кривични дела сторени од лице со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против лицето М.А. вработен како полицаец во полициската станица за гранична контрола – Табановце, осомничен дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“.

Пријавениот на 10-ти овој месец во својство на полициски службеник за пасошка контрола на влез во државава, овозможил влез на малолетно лице А.С. од Кавадарци без да го заведе во електронскиот систем за контрола на патници и возила, а воедно не побарал приложување на негативен ПЦР тест за ковид-19 од малолетното лице односно не го упатил во државен карантин со што постапил спротивно на мерките согласно Одлуката на Владата на РСМ.

„Случајот е откриен истиот ден околу 19 часот кога полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при вршење редовна контрола го запреле возилото во кое се превезувало малолетното лице, утврдувајќи дека тоа нема регулиран влез во државата ниту негативен ПЦР тест и не е упатено во државен карантин“, соопшти МВР.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола против полицискиот службеник М.А. поднесена е и иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност пред надлежната комисија при МВР.

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе