Кривична пријава за нелегално поседување оружје

МВР до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Д.К. (56) од Скопје поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи".

На 11 април, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простори на улицата „Дижонска 1“, каде што престојува пријавениот. При претресот биле пронајдени и одземени пиштол „Застава М57“ калибар 7,62мм, пиштол „Црвена застава М57“ калибар 7,62мм и девет куршуми калибар 7,62 мм.

По преземени мерки било утврдено дека еден од пиштолите е предмет на кражба.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе