Кривична пријава за кичевчанец за производство и промет со наркотични дроги

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и „спречување на докажување“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.А. (34) од Кичево.

 

При претрес извршен во неговиот дом на 23 август, пријавениот започнал да ги попречува и ги оттурнувал полициските службеници во преземањето на службените дејствија, а во еден момент од кујната земал две кеси со опаковки со бела прашкаста материја и се обидел да ги исфрли во тоалетот.

При претресот, пронајдени и со потврда одземени се 25 помали паковки со бела прашкаста материја, три цвета растителна материја и 188.100 денари. Од добиеното вештачење извршено во Министерството за внатрешни работи во Скопје, констатирано е дека во 25 паковки има опојна дрога кокаин, а цветовите-растителниот материјал се марихуана. 

На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена, а потоа е спроведен во казнено поправната установа „Затвор-Скопје“, известува потпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

 

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе