МВР

Кривична пријава за гостиварец поради лажен договор за купопродажба на „јагуар“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.М. (44) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,фалсификување исправа" и ,,употреба на исправа со невистинита содржина", против И.Р. (61) од с.Бериково, Кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дела „помагање" во врска со ,,употреба на исправа со невистинита содржина" и ,,измама при добивање на кредит или друга погодност", против С.И. (63) од с.Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,фалсификување исправа", ,,употреба на исправа со невистинита содржина" и ,,перење пари и други приноси од казниво дело и содржина" и против А.С. (55) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,фалсификување на исправа", соопшти МВР.

Од јули до октомври 2016 година, првопријавениот, вработен во МВР на РМ - во Полициска станица-Гостивар, изготвил лажен договор за купопродажба на патничко возило „Јагуар" меѓу правно лице од Швајцарија како продавач и второпријавениот како купувач. Потоа, првопријавениот, во име на второпријавениот, ваквиот договор, заедно со потврдата за престој во странство од второпријавениот, ги приложил во Бирото за метрологија при Министерството за Економија-Скопје, со цел да ја искористи погодноста според член 24 од Законот за возила.

Третопријавениот, и покрај тоа што знаел дека купопродажниот договор и сообраќајната дозвола се лажни, ги употребил во постапка за добивање на согласност за регистрација во отсекот за управни работи во Гостивар. Четвртопријавениот, како овластен судски преведувач, за да се искористи погодноста по член 24 од Законот за возила, при преводот на странската сообраќајна дозвола од наведеното возило, внел друг лажен датум на одјава на возилото, соопшти МВР.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе