Кривична пријава за двајца делчевци, не ја почитувале мерката за самоизолација

Две лица од Делчево казнети за непочитување на мерката за самоизолација. Првата кривична пријава од страна на Одделението за внатрешни работи Делчево му е поднесена на шеесет и две годишниот Ф.Т од Делчево, кој се товари за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”. 

„На 13 март, при проверка од полициски службеници, пријавениот Ф.Т не е затекнат на пријавената адреса за самоизолација, иако потпишал изјава за 14-дневна самоизолација и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство“, инфомираат од ОВР Делчево.

Втората кривична пријава поради сличен прекршок ја заработи и Т.Н.(47) од село Град.

 „На 18 март во 12:30 часот во село Град, при проверка од полициски службеници, пријавениот не бил пронајден на пријавената адреса за самоизолација, иако, исто како и во претходниот случај примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство и потпишал изјава за 14-дневна самоизолација“, информираат од делчевската полиција.

Кривичната пријава на 47 годишниот жител на село Град му ја поднесе Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе