Кривична пријава за дилер од Скопје, продавал дрога во населба Идризово

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против К.К. (39) од Скопје поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори".

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, со цел стекнување на противправна имотна корист пријавениот заради понатамошна продажба набавил и во неговиот дом чувал наркотична дрога која со патничко моторно возило неовластено ја разнесувал и продавал на лица на подрачјето на Скопје.

Во населба Идризово, Скопје, завчера во 21.30 часот од страна на полициски службеници од ОСОСК извршен е преглед на патничко моторно возило „рено флуенс" со скопски регистерски таблички, управувано од К.К. при што е пронајдена дрога.

Истиот ден по Наредба на Судија на претходна постапка од Основен Кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом и други простории кај К.К. , каде исто така е пронајдена дрога и предмети поврзани со кривичното дело. При претресите пронајден е кокаин, амфетамин МДМА, ринкофилин, митрагинин.

Лицето е лишено од слобода и преддадено на Обвинителството, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе