Кривична пријава против жител на Љуботен за нелегално поседување на сецкан тутун

Скопската полиција до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Е.Ј. (20) од скопското село Љуботен, поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „избегнување на плаќање акциза“.

На 1 јули, при контрола на патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, полициските службеници пронашле и одзеле 100 кутии сецкан тутун со натпис „GREECE SUPER KAMELIA VIRGINIA“ и 100 кутии сецкан тутун со натпис „GREECE TOBACCO VIRGINIA“, или вкупно 120 килограми сецкан тутун без контролни марки. На тој начин пријавениот избегнал плаќање на акциза на која е обврзан со Законот за акцизите.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе