Кривична пријава против скопјанец кој примал пари од Индонезија, Кина и В.Британија

Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Т.П. (57) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „даночно затајување".

Пријавениот od 1 јануари 2017 до 31 декември 2018 година во 45 наврати имал реализирано приливи на девизни средства од повеќе физички лица од Индонезија, Кина и Велика Британија, во вкупен износ во денарска противвредност од 3.609.378 денари, по пат на користење на услугите за брз трансфер на пари, а од негова страна во вкупно девет наврати испратени се девизни средства во вкупен износ од 1.810 евра и 3.315 американски долари на лице од странство.

„Т.П. со намера да го одбегне плаќањето на персоналниот данок на доход за 2017 и 2018, во износ од 10 проценти од износот од примените парични средства, не ги пријавил како друг доход и не поднел годишни даночни пријави за персонален данок на доход до УЈП како даночен орган, иако согласно одредбите на член 12 од Законот за персоналниот данок на доход бил должен за овие износи да пресмета и плати персонален данок на доход во вкупен паричен износ од 360.937 денари, за кој износ го оштетил Буџетот“, се појаснува во соопштението од МВР. 

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе