Кривична пријава против полицаец за злоупотреба на службена положба

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против лицето Е.К., вработен како полициски службеник во Единицата за интервентна полиција, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања".

Според наодите на Одделот за внатрешна контрола при МВР, пријавениот на 23.04 годинава, со умисла ја искористил службената положба и овластувања и во својство на полициски службеник ги пречекорил истите, така што со намера да прибави корист за лицето А.Д. од Скопје кој се барал по потерница, го известил дека полицијата го бара и му овозможил да побегне од местото каде што претходно бил лоциран од страна на полицијата.

Покрај ова од страна на Одделот поднесена е иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност пред надлежна комисија и побарано е донесување на решение за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинска постапка, соопштија денеска од МВР.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе