Кривична пријава против двајца вешти измамници

 Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против Б.А. (33) од Скопје и С.Ќ. (32) од Чучер – Сандево, поради сомневање дека сториле измами. 

Првопријавениот во февруари со лажно претставување го довел во заблуда оштетениот Д.А. кој е сопственик и управител на агенција за обезбедување и сопственик на такси компанија.

По телефон измамникот се договорил со Д.А. да му обезбеди наводно физичко обезбедување и такси превоз за две лица кои ќе патуваат до хотел во Струга, како и такси превоз за пренесување на видео бим до наведеното место за паричен износ од вкупно 11.500 денари.

Б.А. од Д.А. побарал преку такси возачот да му позајми и испрати уште 19.000 денари за да ги плати трошоците за видео бимот. Д.А. се согласил и преку такси возач М.Ќ. на 12 февруари во Скопје му ја дал бараната сума на пари на второпријавениот С.Ќ..

Откако овој ги зел парите и заминал, на телефонскиот број на Д.А. му пристигнала порака од првопријавениот дека патувањето до Струга било одложено. Б.А. на 12 февруари со лажно претставување ги довел во заблуда и сопственик на  угостителски објект во село Врапчиште, гостиварско, како и Д.М., декоратор на забави. Првопријавениот, лажно договорил прослава во наведениот угостителски објект додека пак со Д.М. договорил да му испрати огномети до угостителскиот објект и да ја декорира забавата, со што  пријавените се стекнале со противправно имотна корист во износ  од 166.415  денари.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе