Кривична пријава против директорката на здравствениот дом во Битола

В.С. (56) во својство на вршител на должност директор на здравствен дом д-р „Хаим Абраванел" во Битола примил шест лица на работа надвор од условите на конкурсот. За ова СВР Битола поднесе кривична пријава против В.С. за злоупотреба на службената положба и овластување.

Пријавената, врз основа на објавен оглас за прием на медицински персонал-медицински сестри, лаборант, фармацевт и психолог на неопределено време, без присуство на Комисија за селекција, спровела интервју со 62 рангирани кандидати кои ги исполнувале условите од огласот. Еден ден пред објавувањето на резултатите од конкурсот, до правната служба на домот, доставила список со девет кандидати кои требало да бидат примени, при што само тројца од нив припаѓале на прворангираните девет кандидати, додека останатите шест кандидати биле примени без јасен критериум и спротивно на условите вреднувани од комисијата при составување на ранг листата.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе