Криумчар на мигранти нападнал полицаец, се бркале и завршиле во Вардар, полицаецот се повредил

Криумчар на мигранти вчера го нападнал и му избегал на полицаец пред Кривичниот суд во Скопје. Полицаецот испукал неколку предупредувачки куршуми, а пак осомничениот скокнал во реката Вардар ја препливал и избегал од другата страна. И полицаецот скокнал во Вардар, но се повредил.

Од МВР соопштија дека пред Кривичен суд Скопје, полициски службеник вршејќи обезбедување на Е.А.(33) од Скопје, на кого му била одредена мерка притвор поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, бил физички нападнат од него, по што Е.А. се дал во бегство.

-Полицискиот службеник испукал неколку куршуми во знак на предупредување, а Е.А. скокнал во реката Вардар, ја препливал и на другиот крај и продолжил кон ул.„Вардарска“. Полицискиот службеник скокнал по него во реката, по што се здобил со повреди, информираат од полицијата.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе