Крадецот фатен, украдените предмети вратени на сопственикот

Службеници од Полициската станица Карпош вчера во Скопје го лишиле од слобода Б.А. (21) од село Ласкарци, Општина Сарај, поради тоа што во 17.45. часот извршил тешка кражба во продажен објект во трговски центар.

Украдените предмети му биле одземени и вратени на сопственикот, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Осомниченот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик за „тешка кражба".

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе