Краделе заканувајќи се со нож, приведени разбојници во Скопје

Во заедничка акција на полициски службеници од полицискиот пункт од оперативната акција „Рефлекс“, мото патрола од Полициското одделение Петровец и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на село Катланово денеска во 05.20 часот од слобода се лишени М.М. (22) и К.Р. (25), двајцата од Скопје.

Тие, дваесеттина минути претходно, на бензинска пумпа на локалниот пат село Ржаничино-село Катланово, со закана со нож, од вработените одзеле чанта со дневен промет.

Кај лицата се пронајдени одземените парични средства и ножот кој е користен при извршување на кривичното дело. Тие се приведени во полициска станица и во координација со јавен обвинител, по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија денеска од МВР.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе