Расчистени четири кражби

Краделе, па признале пред полицијата

Две лица од Скопје се приведени вчера откако во полициска станица бил извршен службен разговор со нив и ги признале тешките кражби што ги извршиле во спортска обложувалница во Шуто Оризари.

Од МВР денеска соопштија дека службен разговор е извршен со Ф.И.(26) и С.А.(28), и двајцата од Скопје, осомничени дека сториле кривични дела „тешка кражба" по чл. 236 од Кривичниот законик, и тоа на 13.07.2021, 17.07.2021, 19.07.2021 и 22.09.2021 во спортска обложувалница во Шуто Оризари.

„Лицата ги признале делата со кои се стекнале со противправна имотна корист од 59.000 денари и во целост го појасниле начинот на извршување на кривичните дела, со што четирите кривични дела се целосно расчистени. Против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, се наведува во соопштението од МВР.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе