Детали за тешката кражба во Скопје

Крадецот влегол во куќата од таванот, зел 1 милион евра, од кои 800 илјади биле оставени до кревет

Преку таван од друга куќа, која била лепенка со онаа од која вчера беа украдени еден милион евра, крадецот успеал да стаса до балконот. Од тука со тврд предмет ја отворил балконската врата и влегол во куќата, од која си заминал со богат плен. 

За да ги најде парите не се измачил многу, бидејќи дел од нив, односно 800 илјади евра, биле оставени во кеса до креветот во спалната соба.

Останатите пари крадецот ги пронашол во фиоките во истата спална соба, а ги пребарал и другите простории. 

Според пријавата во МВР, кражбата биле извршена завчера во периодот од 19.30 до 21.45 часот во куќа во Скопје.

Сторителот по кого се трага засега се води како непознато лице што извршило тешка кражба. Полицијата од увидот на лице место го утврдила начинот на кој сторителот успеал да влезе и да замине од куќата.

Одземени се три кеси со вкупно 800 илјади евра, 60 илјади американски долари, 50 илјади швајцарски франци и еден милион денари. Случајот, како што соопшти МВР, вчера во 22.10 часот во СВР Скопје го пријавил Ш.И. (58) од Скопје во чија сопственост е куќата каде што била извршена кражбата.

Дополнително ќе се утврдува дали сторителот точно знаел каде се парите, а ги растурил другите простории за да изгледа дека не му било познато што има во куќата, или пак влегол сосема случајно, па имал среќа да најде и да украде еден милион евра.

Полицијата работи на овој случај со тешката кражба и трага по сторителот што од таван, преку балкон влегол во куќата од каде што си заминал со огромна сума пари.

К.Д.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе