Крадци фатени на дело во Куманово

На граничен железнички премин „Табановце“, полициски службеници вчера во Куманово лишиле од слобода две лица, кои биле затекнати при обид да одземат предмети од меѓународен товарен воз, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Синоќа во 22?40 часот на граничен железнички премин „Табановце", полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Сопот" ги лишиле од слобода Е.Ш.(34) од село Романовце, кумановско и Р.И.(47) од село Псача, општина Ранковце. Тие биле затекнати при обид да одземат предмети од меѓународен товарен воз. Двајцата биле приведени во полициска станица“, посочуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе