Косовски државјанин во 48-часовен притвор за пукњето во Ѓорче Петров

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе писмено известување за настанот што се случи пред 2 дена околу 16 часот, на улица „Борис Сарафов“ во Скопје, кога од патничко моторно возило голф 5 без регистарски таблици беше пукано со огнено оружје кон автомобил мерцедес со скопски регистарски таблици, управувано од лице од село Горно Свиларе, при што возачот на мерцедесот се здобил со прострелна рана во левата натколеница.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесеното писмено известување, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за определување краткотраен притвор од 48 часа против едно лице, косовски државјанин.

Ваквата мерка е побарана со цел да се обезбедат докази за евентуална инволвираност на тоа лице во кривично-правниот настан. Предлогот на јавниот обвинител беше прифатен и на лицето со решение му е определен краткотраен притвор од 48 часа.

За истиот настан, посочуваат од Обвинителството, уште едно лице беше лишено од слобода, но тоа лице е пуштено, бидејќи од МВР не биле обезбедени и приложени докази за негова инволвираност.

Надлежниот јавен обвинител денеска издал повеќе наредби за вештачење на биолошки траги, на чаури од испукани куршуми и други наредби за обезбедување докази.

„Од добиените резултати од наредените вештачења зависи дали ќе се потврди директната инволвираност во настанот на лицето за кое беше определен краткотраен притвор. По изготвување на овие вештачења, согласно Законот за кривична постапка, Обвинителството ќе одлучи за понатамошниот тек на постапката“, велат од Обвинителството.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе