Косовец крадел од банкомат во Куманово, заврши во полиција

Денеска во 04.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово од слобода го лишиле косовскиот државјанин А.М.(41), затоа што бил фатен при обид за извршување на тешка кражба од банкомат на една банка на ул.„11 Октомври“.

Како што информира МВР, во непосредна близина на местото било пронајдено патничко возило „фолксваген голф“, со  косовски национални ознаки.

Во врска со случајот, а по телеграма од СВР Куманово, на Граничен премин „Јажинце“ бил задржан и Б.Х.(39) од Косово и ќе биде спроведен во СВР Куманово.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе