Косовец фатен како пренесува мигранти низ Македонија

Надлежен јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство за гонење на oрганизиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, косовски државјанин, осомничен дека сторил кривично дело, криумчарење мигранти.

„Вчера, во попладневните часови на автопатот Е-75, во близина на „клучка Прдејци“ кај село Прдејци, осомничениот управувајќи товарно моторно возило марка „ИВЕКО“ не застанал на знакот за запирање даден од страна на полициските службеници и се дал во бегство во правец кон Скопје. По кратко време возилото со кое управувал било запрено и во него се пронајдени 39 полнолетни мигранти од Авганистан, Пакистан, Индија и Кашмир и четири малолетни лица од Пакистан. Осомничениот е лишен од слобода и денеска ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување на мерка – притвор за осомничениот.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе