Во Скопје

Контролор добил потрес на мозокот, го повредил патник кој немал билет

Скопјанец на возраст од 32-години повредил контролор во ЈСП, кого го турнал обидувајќи се да избегне контрола на билет.

„Контролорот само што влегол во автобусот, веднаш бил нападнат и турнат од автобусот. Немал време ниту да побара билети, а патникот физички го нападнал. Излетал од автобусот и паднал на булеварот, по што добил потрес на мозок и едната рака му била скршена. Веднаш бил однесен во Градска болница ‘8 Септември’. При нападот била повредена и една патничка“, велат од ЈСП „Скопје“.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека не 10 март околу 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на булевар „Партизански одреди“, при излегување од автобус на ЈСП, М.Џ.(32) од Скопје, обидувајќи се да избегне контрола на билет, го турнал В.С.(43) од Скопје, контролор во ЈСП, кој се здобил со тешка телесна повреда.

„Лицето М.Џ. бил повикан во Полициската станица Карпош и со него бил извршен разговор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот“, велат од МВР.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе