Комбе со мигранти предизвика тешка сообраќајка во Струмица

Комбе со кочански таблички, управувано од возач од Кочани, во кое се превезувале поголем број мигранти, денеска во 11:50 часот предизвика тешка сообраќајка на крстосницата на улиците „Младинска" и „Браќа Минкови" во Струмица. Повредени се три лица.

Тројца мигранти се донесени во болницата. Од нив, еден е со потешки, а двајцата со полесни повреди. Потешко повредениот се подготвува за влез во операциона сала, изјавил за МИА, директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов.

Според очевидци, комбето се движело со голема брзина и удрило во три возила, од кои две биле паркирани. По несреќата, дел од мигрантите побегнале од местото на сообраќајката.

Полицијата врши увид, а повеќе информации се најавуваат за подоцна.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе