Во полициска акција

Кокаин и хашиш најдени во автомобил кај Желино, две лица приведени

На наплатната рампа на автопатот во близината на Желино во акција на полицијата во автомобил „Ланчиа“ пронајдени се 100 грама кокаин и пакување хашиш. Двете лица од автомобилот се приведени.

Попладнево околу 16.30 часот на наплатна рампа Желино на автопатот Скопје-Тетово, во координирана акција од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Тетово, лишени се од слобода А.К.(28), државјанин на Р.Словенија и А.Р.(42) од Тетово, соопшти МВР.

„При преглед извршен во патничко возило 'ланчиа', со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.К., каде како совозач бил А.Р., биле пронајдени и одземени над 100 грама кокаин и пакување хашиш. Извршен е увид на лице место од страна на кримтехника при СВР Тетово, а двете лица се приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението.

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе