Ќерка ти направи сообраќајка во Англија, нова измама во Македонија

Вчера во 15.55 часот во полициската станица Крива Паланка, маж пријавил дека неговата мајка била измамена за сума од 60.000 денари. Според пријавеното, едно лице ѝ се јавило на телефон и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна незгода во Англија и побарало од неа 60.000 денари за да ја спаси од затвор.

Според пријавеното, жената ги дала парите на лицето на договореното место. По преземени мерки, во врска со настанот бил приведен С.Р.(46) од Крива Паланка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе