Сопственикот сведочи дека пукање се слушало со часови

„Ќе те убијат ни крив, ни должен“, куршум од автоматско оружје за време на полициски час заврши во двор во Драчево

Жителите на скопско Драчево денес за време на полицискиот час ги вознемирија истрели од оружје и залутан куршум кој заврши во двор во автомобил. Според првичните информации се работи најверојатно за куршум од огнено оружје кој пробил лимен покрив и завршил во задниот дел на автомобилот. На само неколку метри од местото каде завршил куршумот седело целото семејство. 

Настанот се случил на улицата „Речиште“ во селото Драчево некаде пред 15 часот. Во дворот каде завршил куршумот на само неколку метри од автомобилот во кој се забило зрното, седеле членовите на семејството кое живее во куќата.

Вознемирени и исплашени за МКД.мк раскажаа дека пред да слушнат звук во лимот, па во автомобилот, слушале постојано истрели од огнено оружје за време на полицискиот час.

Според нив, звуците од пукањето кое му претходело на овој инцидент, и кое како што велат, наликувало на војна, доаѓале од селото Студеничани каде живеат Албанци кои денес го празнуваат Рамазан Бајрам.

Ова место е во близина на местото каде завршил куршумот.

„Дома сме сите бидејќи е полициски час. Седевме во двор и постојано слушавме истрели. Цел ден е како да има војна. Но, никој од нас не се надеваше дека куршум ќе ни заврши во двор. Седевме и слушнавме тресок во лимот, а потоа и во автомобилот. Видовме дека се работи за куршум и веднаш пријавивме во полицијата", ни раскажа сопственикот Д.А. (30).

Тој вели дека среќа во несреќа е што куршумот не погодил некој од неговото семејство и што сите се живи и здрави и што е направена само материјална штета. 

„Си седиш во двор, почитуваш мерки и го почитуваш полицискиот час и на крај ни крив, ни должен ќе загинеш. Страшно е ова што се случува. Куршуми завршуваат по дворови, а тука си играат и деца. Малку треба да имаме поголема свесност за тоа дека секогаш кога поради некоја прослава луѓето посегнуваат по оружје, некого тоа може да го чини живот", вели Д.А.

Случајот ни го потврдија и од МВР. Од таму велат дека на месото каде е пријавено дека залутаниот куршум завршил во автомобил, бил извршен увид.

Повеќе детали од МВР за сега нема, а ќе се истражува дали можеби жителите од околните села пукале и го прославувале празникот Рамазан Бајрам, па така куршумот се нашол во приватен двор или се работи за пукање од друг повод.

Случаите на залутани куршуми по дворови се честа појава, а МВР постојано апелира да не се пука на семејни веселби, прослави, празници и слично бидејќи е опасно и некој може да настрада. Со каков повод и да е пукањето, тоа е казниво и забрането со закон. 

Честа појава се и оружјата без дозвола кои се чуваат дома.

К.Д.

 

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе