Издадена наредба за вештачење

Ќе се вештачат докази од гробот на почината девојка кој беше откопан и каде крадци бараа злато

Основното јавно обвинителство Куманово издаде повеќе наредби за вештачења на голем број подигнати докази при извршениот увид на градските гробишта во Куманово, каде на 10-ти октомври годинава, три лица се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети од починато лице, со намера противправно да ги присвојат.

„По наредбите се постапува, а за лицата беше поведена постапка за сторено кривично дело – тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Истовремено, обвинителството испитува дали постојат елементи и на други сторени кривични дела поврзани со настанот. За предметното кривично дело е запретена казна затвор во траење до пет години. Согласно, законот за кривична постапка за овие дела мерката притвор може да трае најмногу осум дена“, соопштија од ЈОСРМ. 

Како што наведуваат во соопштение, со оглед на тоа што прибирањето на доказите сè уште трае, мерката притвор која беше определена за еден од осомничените од страна на судија на претходна постапка е заменета со други мерки за обезбедување на неговото присуство, одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, одземање на личната карта како исправа за преминување на државната граница и задолжително јавување во Основниот суд Куманово кај определено службено лице.

Овие мерки се определени од Основниот суд Куманово, со цел да се обезбеди присуство на осомничениот во натамошниот тек на постапката. Останатите двајца осомничени во моментов се наоѓаат во затвор на издржување казна за друго кривично дело.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе