Киднапирана девојка од Италија најдена во стан во Охрид

Утрово во 04:00 часот во Полициската станица Карпош, 49-годишниот В.Ѓ. од Скопје пријавил дека 26-годишната П.М.Д. од Република Италија, била заклучена во стан во Охрид, односно противправно лишена од слобода од 19-годишниот С.С. од Скопје, кој што бил со привремено живеалиште во Република Италија, информираше МВР.

„Од полициски службеници од СВР Охрид излезено е на терен и во стан на ул. „Партизанска" во Охрид, сопственост на 60-годишниот Л.С. од Охрид кој го имал изнајмено, била пронајдена П.М.Д., како и лицето Б.Ф. од Скопје, познаник на С.С. Набргу С.С. и Б.Ф. се приведени во СВР Охрид. За настанот е запознат јавен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка на двајцата приведени им е одредена мерка во траење од по осум дена. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави “, соопштија од полицијата.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе