Кичевец физички нападнал шумски полицаец

Дваесет и едногодишен кичевец е лишен од слобода откако вчера попладе нападнал вработен во Шумска полиција при одземање товарно возило со бесправно исечени дрва.

„Вчера попладне околу 18.00 часот на влезот од Шумската полициска станица во Кичево од слобода бил лишен Б.В.(21) од Кичево поради тоа што физички нападнал вработени во Шумска полиција кои преземале службени дејствија – одземање товарно возило со бесправно исечени дрва. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти портпаролот на СВР – Охрид Стефан Димоски.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе