Кичеец полесно повреден во сообраќајката кај Новоселски гробишта

Зоран Милески-Кичеец, осуденото лице од случајот Рекет,  добил полесни повреди во денешната тешка сообраќајна несреќа во која загина едно лице, а четири лица добиле потешки повреди. Сообраќајката се случила на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на Новоселски гробишта. Кичеец бил на 30-дневен прекин во издржувањето на затворската казна од здравствени причини.

Во сообраќајната несреќе повредени се вкупно седум лица.

Тројца, поради сериозноста на повредите и не во животозагрозувачка состојба, се испратени на скопските клиники. Набрзо за Скопје е испратен уште еден пациент, а останатите тројца коишто биле донесени на Урегентното одделение се медицински згрижени, изјави за МИА директорот на гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, Јакуп Јакупи.

Директорот на затворот во Струга Ваљон Ќуља за МИА изјави дека осудениот Зоран Милески Кичеец, на негово барање, бил на прекин на казната од 11 август до 11 септември поради болест на неговата мајка. За тоа како Кичеец се нашол на слобода официјално од Управата за извршување на санкции, пак,  велат дека тој користел 30 дневно отсуство од затвор поради неодложни лекарски прегледи.

„Со одлука на Управата за извршување санкции, лицето Зоран Милески користи 30 дневно отсуство од затвор поради неодложни лекарски прегледи.

Определеното време за медицински испитувања е од 8 август до 8 септември“, се вели во одговорот од Управата.

Милески казната затвор ја издржува во отвореното одделение во затворот во Струга.

„Тој веќе има издржано повеќе од половина од затворската казна и до 8 септември треба да се врати на доиздржување на затворската казна“, се нагласува во официјалниот одговор на Управата.

Зоран Милески призна вина за случајот Рекет, во кој се осудени и Катица Јанева и Бојан Јовановски и спогодбено ја доби најниската затворска казна. Милески е осуден на три години затвор, откако во декември 2019 година го призна делото за случајот Рекет – примање награда за противзаконито влијание, информира МИА.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе