По денешната сообраќајка кај Новоселски гробишта

Кичеец бил на 30-дневен прекин во издржувањето на затворската казна од здравствени причини

Од Управата за издржување санкции потврдија дека учесникот во денешната тешка сообраќајка на патот Гостивар-Кичево Зоран Милески-Кичеец е на 30-дневен прекин во издржувањето на затворската казна од здравствени причини. МКД.мк врз основа на сведоци попладнево објави дека Кичеец е еден од учесниците во тешка сообраќајка во која загина едно лице.

Кичеец е осуден во случајот Рекет на три години затвор. Тој казната ја издржува во Казнено-поправниот дом (КПД) во Струга. Тој во затворот треба да се врати на 8 септември.

Во денешната сообраќајка, според МВР учествуваа три возила: џип „мерцедес“, БМВ и камионет. Едно лице од камионетот загина на лице место, а седум лица се потешко или полесно повредени.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе