МВР

Казни за брзо возење и алкохол за 200 возачи во Скопје

Синоќа скопската полиција спроведе акциски контроли за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол, за контрола на брзина на движење на моторни возила, за санкционирање на возачи кои вршат неправилно престигнување.

Во периодот од вчера во 23 часот до 5 часот утрово, при контролата за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол, кај 17 возачи утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека тројца возачи одбиле проверка за присуство на алкохол. Сите 20 возачи се исклучени од сообраќај и се одземени возачките дозволи. 

Откриени се и 35 останати прекршоци за кои се издадени 15 мандатни платни налози и 20 прекршочни платни налози.

Во периодот од 6 до 24 часот вчера, при контролата за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната, констатирано е дека 27 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Преземени се 27 мерки против нив, а откриени се и 50 останати прекршоци, за кои се издадени 32 прекршочни платни налози  и 18 мандатни платни налози.

Вчера откриени се и осум возачи кои вршат престигнување на недозволено место. На сите им се издадени прекршочни платни налози, а откриени се и 32 останати прекршоци за кои се издадени пет прекршочни платни налози и 27 мандатни платни налози.    

Откриени се и 61 прекршоци кои се соодветно санкционирани.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе