МВР

Казни за 504 возачи за брзо возење

Полицијата вчера на територија на целата држава казнила 504 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената. Од нив, 16 се движеле со брзина поголема од 50 километри на час од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

„Во текот на вчерашниот ден (16.05.2021) Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 504 возачи. Од нив, 16 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина“, се вели во соопштението од МВР.

Оттаму најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе